To view this notification widget you need to have JavaScript enabled. This notification widget was easily created with NotifySnack.
Партнери
 
Контакт
ДПТ 6 МАЈ ДОО-Скопје

Tел:+38923111751
Факс:+38923112751
Адреса:Коле Неделковски 41 1000 Скопје, Македонија

MM Kolicevo

MM Kolicevo Karton претставува дел од групацијата Mayr-Melnhof Cartonboard Group која пак е лидер во производството на картони во Европа и светот.

Симболот ММ Картон во графичката индустрија претставува светски симбол за квалитет. Нивната цел всушност е да произведуваат висококвалитетен картон но исклучиво во согласност со природата користејќи материјали кои лесно се рециклираат. Тој начин планираат да го задржат и во иднина. 6 МAJ долги години е нивни партнер.

Нашето знаење за картонот базирано на искуството што го градиме со децении ни овозможува да изнајдеме решенија за сите ваши потреби.

Нашето портфолио вклучува специјално третирани картони во различни степени наменети за специјални картонски пакувања. Истите можат да бидат рециклирани и ги исполнуваат интернационалните директиви за пакување како и регулативите за храна.

Картон ГЦ2

Kromopak

ГЦ – премачкан картон

Премачканиот картон од примарни влакна (хромокартон) е составен од повеќе различни слоеви.

Горниот слој е од избелена целулоза, средниот од дрво и последниот слој е од избелена целулоза. Горната страна е два или три пати премачкана.

Овие картони најчесто се употребуваат за луксузни амбалажи (ГЦ1) или во прехрамбената, фармацевтската и тутунската индустрија (ГЦ2).

ГЦ2 е премачкан картон со сива долна страна – Кромопак.
Технички карактеристики: Kromopak GC2 (pdf)

Повеќе за : Kromopak

Картон ГТ2

Belpak

ГТ – премачкани триплекс картони

Премачканиот триплекс картон е составен од различни слоеви на рециклирани влакна. Горниот и долниот слој е составен од рециклирани влакна додека средниот е исклучиво од стара хартија. Горната страна е два или три пати премачкана.

Овој вид на картон најчесто се употребува во прехрамбената, фармацевтската и тутунската индустрија.

Од нашата програма ви нудиме Белпак ГТ2.
Технички карактеристики: Belpak BEL GT2(pdf)

Повеќе за : Belpak

Картон ГД

Grafopak/Koliprint

ГД – премачкани дуплекс картони

Премачканите дуплекс картони се составени од различни слоеви на рециклирани влакна. Горниот слој е составен од бели рециклирани влакна, средниот слој од сиви рециклирани влакна и последниот слој од посветли или сиви рециклирани влакна. Горната страна е два или три пати премачкана.

Овој вид на картони се најдобри како решение за амбалажен картон кој би се употребувал во прехрамбената, автомобилската и хемиската индустрија за ламинирање.

Од нашата програма ви нудиме:

Графопак ГД2; технички карактеристики: Grafopak GD2 (pdf)

Multikolor Special/Колипринт ГД3; технички карактеристики: Koliprint GD3 (pdf)

Повеќе за : Grafopak/Koliprint