To view this notification widget you need to have JavaScript enabled. This notification widget was easily created with NotifySnack.
Партнери
 
Контакт
ДПТ 6 МАЈ ДОО-Скопје

Tел:+389 2 311 1751
Факс:+389 2 311 2751
Адреса: Христо Татарчев 69, 1000 Скопје, Северна Македонија

KODAK NX Wide 4260 во Македонија - 14.03.2018

Успешно инсталиран првиот KODAK NX Wide 4260 систем во Македонија

200 инсталација во регионот - 10 години NX технологија

Минатата седмица е завршена првата инсталација на Kodak NX Wide 4260 систем во Македонија. Гордиот сопственик е АД Киро Дандаро од Битола, водечка флексо и бакро печатница во Македонија и пошироко. АД Киро Дандаро успешно работи веќе 73 години и годишно преработува преку 3.500 тони флексибилни материјали.

АД Киро Дандаро успешно ја користи NX технологијата уште од 2013 година. Заради најновата инвестиција во современата флексо печатарска машина BOBST Fischer & Krecke со ширина на печат до 1000мм и брзина до 500м/мин се јави потреба за поголем формат и задоволен од врвниот квалитет се одлучи за нов – Kodak NX WIDE 4260 System во кој покрај Kodak Flexcel NX Wide-C осветлувач (максимален формат на плоча е 1067 x 1524 mm или TILL од 1097 x 1554 mm) вклучени се и: NX Wide Laminator, X-Rite 361T UV дензитометар како и Kodak DigiCap NX Patterning интегриран во Kodak TIFF Front End.

Flexcel NX Wide System е комплетен систем за дигитална флексо подготовка кој вклучува софтвер, осветлувач, процеси за изработка на плочата како и репроматеријали. Сите компоненти на системот се оптимизирани да работат ефикасно заеднички, овозможувајќи најдобри перформанси во класата за висока резолуција.

Му се заблагодаруваме на нашиот партнер АД Киро Дандаро на повторно укажаната доверба кон Кодак како реномиран производител на ЦТП системите.

За сите дополнителни прашања слободно контактирајте не.

ДПТ “6 Мај” Скопје, ул. Коле Неделковски 41, 1000 Скопје, Р. Македонија
T. +389-2-3111-751 | F. +389-2-3112-751
e-mail contact@gmaj.com | web:   www.6maj.com