Во рамките на 6 МАЈ постои и мешална за бои во која мешаме офсетни табачни бои како и водени бои за флексо печат според Pantone карта и/или формулација и примерок од клиентот.
Во рамките на мешалната за офсетни бои располагаме со:
- 2 прецизни ваги со точност од 0,01 гр.
- 2 миксери, од кој поголемиот е со капацитет до 10кг
- Уред IGT Simply Offset Proofer за извлекување на пробен отисок
- Спектрофотометар X RITE eXact Advanced
Во процесот на мешање на офсетните бои се користат исклучиво висококвалитетни бои од произведувачот Flint Group.
Во рамките на мешалната за водени флексо бои располагаме со:
- Пумпи со систем за прецизно дозирање на бои
- Прецизна вага
- Клучеви за извлекување на отисок
- Спектрофотометар X RITE eXact Advanced
- Светлосен стол за контрола на боите
Во процесот на мешање на водените флексо бои се користат исклучиво висококвалитетни бази и лакови од произведувачот Sun Chemical.
За секоја произведена количина и нијанса се чуваат отисоци како и исчитани параметри заради контрола на квалитетот и конзистентност при идни нарачки.
Контакт: Илија Гајдов +389-70-363-043




