Традицијата за производство на хартија во Радече потекнува од далечната 1736 година. Од тогаш наваму секоја генерација верно ги следи чекорите на своите претци па поради тоа, високите резултати им се неминовни!
Денес, Радече претставува совршенство кога е во прашање хартијата.
Интересен податок е тоа што словенските пасоши се направени токму на нивната хартија, како и банкнотите на многу светски држави.
Оваа фабрика произведува хартија за секојдневна употреба со висок квалитет, техничка хартија, арт хартија како и многу видови на сигурносна хартија. Според Радече, уметноста на пишувањето се крие во хартијата!
6 MAJ долги години е партнер на Радече за Македонија. Од нивниот асортиман на хартија, нуди многу видови како: фотокопирна хартија, биндек, картони, муфлон, кунздрук со врвен квалитет.
R Copy/R Copy Colored
Канцелариска хартија за широка секојдневна употреба погодна за копирање и печатење на сите видови на печатачи. Се одликува со висока белина, можност за двострано копирање и копирање во боја. Отпорна на стареење и губење на бојата. Произведена во согласност со ИСО 9706 стандард.
Технички карактеристики: Rcopy (pdf)
Starprint Silver
Непремачкана офсетна хартија со Б квалитет, соодветна за производство на тетратки, книги, брошури, прирачници и слично.
Погодна како за црно-бела, така и за техника во боја.
Paramedical
Ова е хартија со мала тежина која се користи во фармацевската и козметичката индустрија која овозможува одлични резултати во печатењето.
Special drawing Rough
Непремачкана хартија со текстура, оптички избелена и природно бела без додаден избелувач.