Ако се запрашате за историјата на Böttcher, ќе сретнете една многу интересна приказна: oд самото основање, Böttcher се труди да ја подобри печатарската технологија, па така во 1878 година за прв пат ги произведуваат печатарските ваљаци со џелатин во Лајпциг, Германија.
Во 1930 година преминуваат на гумени обвивки, најпрво со природна а подоцна и со синтетичка гума. За време на Втората Светска војна фабриката во Лајпциг е уништена и конфискувана од страна на Источна Германија, но по само неколку години таа е реконструирана, овојпат во Келн. 50тите и 60тите години од минатиот век на виделина доаѓаат најголемите пронаоѓања на научниците на Böttcher, па од печатарска лесно се прошируваат на многу други индустрии. Од 1974 година па наваму, Böttcher се шири во многу држави, како што се Италија, Франција, Велика Британија, Америка, Канада, Шпанија, Австрија и Источна Европа.
Böttcher ваљаци нови и репарирани
Можно е да се обезбедат нови оригинални ваљаци или репарирање на старите!
За подготовка на Понуда или дополнителни информации за производната програма на
компанијата Böttcher контактирајте го нашиот експерт на e-mail iveljanov@6maj.com или на телефон 02/3111-751.
За да се подготви Понудата потребни се следните информации:
• Тип на машината за печатење (на пример: MAN Roland Favorit RZF OB)
• Серискиот број на машината (на пример: Серија 617 / Број 10999B)
• Година на производство (на пример: 1985)
• Тип на систем на влажење (на пример: Roland-Matic)
• Тип на боевите ваљци (на пример: RCI/CCI)
Böttcher офсетна гума
Böttcher има развиено различни врсти на печатарска (офсетна) гума со единствената целта да се максимално подобри печатената слика и олесни работа на корисникот.